По пропаѓањето на бракот со турската ѕвезда Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ продолжи со животот со насмевка на лицето и крената глава.
Пејачката од Турција повторно се врати во Белград и тоа со нов имиџ.
Имено, таа на Инстаграм објави фотографија на која носи очила, а фановите се изненадија бидејќи не ја виделе таква досега.
„Добро си се маскирала, видов дека е некоја добра женска на фотографијата и кликнав, а тоа да ти била Емина“, се пошегува еден од нејзините пријатели.
фото:instagram
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.