Салоните за спа-третмани се одлично бегство од секојдневието за релаксација на душата, телото и умот.
Особено во зимскиот период кога плажата ни се гледа некако далечна, затворените базени, сауните, масажите и третманите се одлична замена за тоа.

Симона Попоска е една од нашите познати дами кои знаат да се разгалат и опуштат во спа, а ништо не би било исто ако Симонче не направи некоја поза пред третманот и тоа во костим за капење.
До летото има уште доста време, но Симона ништо не остава на случајностите, па затоа и кога е зима таа мора да биде во топ физичка форма и нема проблем да се разголи и покаже со што располага.

Ако ви е потребна промена и бегство од секојдневието, следете го примерот на Мон Бонбон.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.