Живот и Стил
За плачење е!

ФОТО: Разочаран навивач се пожали на храната во Катар, плати 80 долари за два ладни мини бургери

ФОТО: Разочаран навивач се пожали на храната во Катар, плати 80 долари за два ладни мини бургери

Навивач на Велс на Светското првенство во Катар се пожали поради малата порција храна на која потрошил 80 долари, а хамбургерите биле ладни.

Високата цена и сомнителниот квалитет на храната и пијалоците во Катар стануваат главна тема меѓу навивачите на Светското првенство.

Велшкиот навивач нарачал порција храна во луксузен хотел, каде можел да нарача и пијалок. Сепак, тој добил непривлечни ладни мини-бургери со мала порција сув компир.

Фановите или треба да чекаат да купат пијалок во некоја од фан зоните или да бараат лиценцирани хотелски барови низ градот кои можат да продаваат алкохол на странци.

Ова не е единствениот случај во кој навивачите се разочарувани од хрната во Катар. Навивачите претходно се жалеа на грчката салата од 9 долари која се служи во фан зоната.