Слаѓа Алегро досега двапати го изгуби бебето, односно не ја додржа бременоста, а сега ги изненади своите следбеници на Инстаграм со неочекувана објава.
-Почна најубавото поглавје од мојот живот. Од денес сум на официјална прва работна пауза, со голема и среќна причина. По цели 20 години одмарам и има зошто. Благодарам што секогаш сте тука и кога било убаво и помалку убаво. Благодарам на моите момци што ми го разубавеа животот на секој начин. Се дружиме на некои нови настапи, дотогаш живи, здрави и среќни, напиша пејачка.


Инаку, таа во објавата откри дека чека девојче.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.