Русокосата хрватска убавица на Инстаграм се пофали со дијамантски прстен на раката и на јавноста и покажа дека се свршила.
Среќната вест ја израдува и сестрата на Тина, Барбара која и честиташе на Инстаграм со фотографијата од свршеничкиот прстен.
-Се уште сум шокирана! Ни сама не знам што да напишам! Мојата мала сестра се вери! Те сакам најмногу на свет, напиша Барбара во описот на фотографијата.
Инаку, љубовта меѓу Спејко и Тина се роди за време на шоуто „Големиот брат“, а треаеше само неколку месеци. Дарко сега е во врска со блогерката од Струмица Љупка Митрова, љубов која деновиве е актуелна во домашните медиуми.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.