Турскиот актер Бурак Озчивит се пушти во посета на Словенија.
Тој се појави во еден трговски центар каде го дочекаа илјадници обожавателки. Добро расположен и насмеан, популарниот Бурак со задоволство направи фотографија со оние што посакаа, додека останатите го снимаа секој чекор на омилената ѕвезда.

фото:promo
Бурак во Словенија слетал во понеделникот вечерта, а веќе на аеродромот го дочекале многу обожаватели. Вистинска еуфорија следела кога се појавил во еден трговски центар, а навалата била толку голема што организаторите неколку дена ги предупредувале граѓаните на посебна регулација на сообраќајот.

foto:promo
Ни самиот Бурак која во Словенија се појавил без сопругата Фахрие, не очекувал таков дочек, па на Фејсбук напиша:

foto:promo
-Дојдов во Марибор! Благодарам на моите словенски пријатели на овој топол дочек. Ве сакам!, напиша големата турска ѕвезда.