Шаловите се носат само околу вратот? Неточно. Модерниот пристап сега е многу поразличен.
На улиците на модните центри оваа зима, се забележани модни комбинации во кои шаловите ја имаат главната улога, но, не околу вратот, туку преку рамената.
Оваа зима е придружена со неодолив интересен тренд. Шал преку рамото ќе ја направи секоја модна комбинација интересна и софистицирана.
Сепак, треба да внимавате на неколку работи. Не е доволно само да го префрлите шалот преку рамената и да мислите дека тоа е тоа. Шалот мора да го прицврстите, односно да го вметнете под ремененот на капутот, балонерот или дебелата винтијага.
извор:дивианартс.мк
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.