„Време за среќа“ е насловот на новиот филм каде играат славните турски актери Бариш Ардуч и Елчин Сангу.
Премиерата на филмот е закажана за 10-ти ноември, а пред големата премиера на интернет покрај најавниот тизер веќе се појави и нови фотографии од неколку сцени.

Во новиот филм Бариш е голем заводник кој цели девојките да ги однесе во кревет, а пак Елчин ќе се потруди да му ги смени принципите.

Овој пат ќе ги толкуваат улогите на Ада и Мерт кои се модерни згодни и преубави.

Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.