Пејачката Емина Јаховиќ моментално минува низ тежок период поради разводот од сопругот со кого има две деца. Таа објави фотографија од минатото на Инстаграм која ги разнежни нејзините фанови и следбеници.
На истата се наоѓа нејзиното семејство, мајката, сестрата, братот и таткото, кој е нејзина непребол бидејќи е починат многу млад.
-Ја пронајдов оваа прекрасна фотографија од моето семејство. Малку е оштетена, но ми е драга и сакав да ја споделам со вас. Мојата постара сестра Сабина, брат ми Мирсад, а ова малото сум јас со татко ми, напиша Емина.
Тоа наиде на коментари дека е една од оние за почит што не го забораваат потеклото и вистинските семејни вредности.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.