Познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ вчера ја промовираше својата нова песна “Милиметар”, а денес го најавува својот голем концерт во Скопје кој ќе се одржи на 11-ти ноември во Вип Арената Борис Трајковски.
Неговата концертна турнеја веќе започна, а по успешниот настап како и секој човек Жељко посака да си се одмори во својот дом, да ги протегне нозете и да се наполни со сончева енергија на балконот од својот дом.
Во таква положба го улови сопругата Јована Јоксимовиќ која во описот на фотографијата напиша дека тоа е нивниот балкон, а нејзиниот сопруг ужива по концертот.

Според приложеното може да се заклучи дека познатите сопружници имаа тераса која секој би ја посакал за одмор и релаксација.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.