Во њујоршкиот клуб „The Cutting Room“, чиј сопственик е прочуениот актер Крис Нот, попознат како „Ѕверката“ од серијата „Сексот и градот“, пејачката Александра Радовиќ ги воодушеви гостите од различни нации.
-Неговиот клуб е преубав простор. Луѓето заедно со мене пееја и играа на мојата музика и се чувствуваше дека се вистински радосни, вели Александра за српски Курир и нејзините впечатоци оттаму.
Уште на првиот настап кој го имаше во Мајами, пејачката се сретнала со неколку свои познаници, меѓу кои и српскиот тенисер ненад Зимоњиќ со сопругата Мина.
-Имав среќа веднаш да се сретнам со пријателите кои живеат на Мајами или се работно таму како и мене, вели пејачката за српскиот медиум.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.