Ким Кардашиан почестила милион фанови ширум светот со поглед на тоа како ќе изгледа рекламата за нејзиниот нов парфем, а фотографиите направиле невиден хаос, како на светските портали, така и на социјалните мрежи.
Откако во вторникот во јавноста пуштила фотографија од само еден дел од своето тело, Ким сега објавила фотографии на кои се гледа цела, а на една фотографија нејзиното тело е покриено само со тенок слој на глина.
И додека едната од фотографиите до некаде е цензурирана со глина, иако се се гледа многу јасно, на другите преку својата кожа нема баш ништо.
“Направивме калап на моето тело и по него направивме шише за парфемот”, напишала Ким.
За се била задолжена уметничката Ванеса Бикрофт, која, сосема јасно, знаеле што прави.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.