Ќерката на Вице Заев, братот на актуелниот премиер Зоран Заев, Ева, се повеќе е дел и од забавните рубрики во домашните медиумите.
Па така, ако деновиве во фокус беше новата фризура на сопругата на Зоран, а потоа и стилот на Александра – нивната ќерка, сега на ред дојде и внуката Ева Заева која периодов е во Монте Карло.
Таа успеа да биде во друштво и на познатиот светски тенисер со потекло од соседна Србија, Новак Џоковиќ, и се пофали на Фејсбук со заедничка фотографија.

По 10 години, месецов Ѓоковиќ излезе од топ 10 листата на најдобри тенисери на АТП, но очигледно колку што во последната годинна не му оди во спортот – му оди во пробивањето во светските богаташки кругови.
извор:република.мк
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.