Радио Милева

(ФОТО) Цеца го славеше Свети Никола: Армија гости и трпеза на која нема место ни за игла!

(ФОТО) Цеца го славеше Свети Никола: Армија гости и трпеза на која нема место ни за игла!

Пејачката Цеца Ражнатовиќ и годинава го прослави Свети Никола, а многу познати личности, дојдоа на големата слава кај пејачката.

Цеца во својот дом на Дедиње ги пречека гостите одлично расположена, со широка насмевка на лицето. Оваа прослава не се разликуваше од оние во минатите години, гостите беа истите, а фолк дивата се пофали и со богата трпеза.

Меѓу првите се појави Саша Видиќ, креаторот и еден од најдобрите пријатели на Цеца.

И оваа година Лидија беше задолжена за подготовка на славата, а помогнаа и мојата и уште некои блиски личности. Ј

Јас ништо не им сугерирам, не сакам да се мешам во она каде другите подобро се снаоѓаат, вели Цеца за српски „Блиц“ и додава:

Луѓето се опуштаат на мојата слава и затоа сакаат да доаѓаат. Сите добро се познаваме и нема место за некоја непријатност. И јас кога одам кај нив сакам приватност . За шеги сме задолжени сите, тоа се случува спонтано, иато како и кога песна е во прашање. А фала Бога секогаш има доста пејачи, вели Цеца.

Меѓу гостите се појавија и Саша Ковачевиќ, Дамир Хандановиќ и Слаѓа Алегро, а прославата траеше до доцна во ноќта.

Останати вести од Радио Милева