Неодамна е откриено дека актерот Бред Пит по разводот со Анџелина Џоли, пронајде љубов во професорката Нери Оксман која е 12 години помлада од него.
Се зближиле додека заедно работеле на еден проект, а многумина тврдат дека таа неодоливо потсетува на Џоли.
Тие наводи ги подгреа една нејзина фотографија на која како што пишуваат американските таблоиди, има сличен став и имиџ како холивудската актерка.

Облечена во црно, слаба и во широка облека, Нери Оксман многумина ги потсети на Џоли.

Пријателите блиски на актерот тврдат дека Бред е многу заљубен во Нери, особено што е комплетно надвор од шоубизнисот.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.