Снегот го испративме, а и непредвидливиот месец март, кој на стартот од пролетта ни донесе зима, која за наша среќа траеше релативно кратко.
Е кога убавото пролетно сонце ќе светне, тогаш прво нешто кое почнува да се трансформира,освен цвеќињата и зеленилото во прородата, се и терасите и дворчињата кои ги подготвуваме за сезонското уживање.
Водителот Ване Марковски пред неколку години се пресели во сопствен стан во Скопје, кој има одличен поглед, а сега со промената на времето, Ване меѓу првите веднаш си ја среди терасата и ја покажа на своите следбеници на социјалните мрежи.

Импресивен поглед, модерен амбиент ама и двоглед за поблиска перцепција на нештата пред себе.


Ване дефинитивно знае како да ужива!
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.