Двејн Џонсон, попознат како човек „Карпа“ стана татко на уште едно преслатко девојче. Иако е познат по улогите на опасно момче, холивудскиот актер Двејн Џонсон во вистинскиот живот е посветен и нежен татко.
-Благословен сум и горд што можам да објавам дека на свет дојде уште едно силно девојче. Тиана Џиа Џонсон стигна на овој свет со силите на природата, а мама Лорен ја донесе како рок ѕвезда, напиша актерот кој со својата објава ги изненади фановите.
Тие малку се збунија бидејќи тој се фотографираше разголен додека лежи во болничкиот кревет, па коментираа дека изгледа како тој да се породил.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.