Промотер

„Фолтин“ преку „Симултан бакнеж“ прашуваат – „Кој може да ти расипе еден ваков ден“ (ВИДЕО)

„Фолтин“ преку „Симултан бакнеж“ прашуваат – „Кој може да ти расипе еден ваков ден“ (ВИДЕО)

На платото пред Младинскиот Културен Центар во Скопје, на 1-ви јули групата „Фолтин“ го промовираше својот најнов проект во вид на макси сингл составен од четири песни насловен „Симултан бакнеж“.

Материјалот е  снимени во Студиото „Алшар“ во Скопје, во декември 2020-та година.

На  „Симултан бакнеж“ работеше стандарната постава на групата, додека фотографијата и дизајнот на омотот се креација на режисерот Ѓорче Ставрески, издавач на албумот е „ОХО продукција“, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски.

Новиот албум беше промовиран истовремено со видеоспот за една од песните објавени на цедето. Станува збор за песната „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман.

Директор на фотографија е Мишел Ривас, а актери се Рио Раш и Ниша Вирмани. Видео записот е снимен во Берлин. Продуцент на видеото е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Виитман и Илија Тирицовски.