Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ во последно време експериментира со модата. На некои снимања доаѓа дотерана од глава до пети, а понекогаш избира и полежерни комбинации кои секако се во тренд и кои одлично и прилегаат.
Така беше и сега на снимањето на „Ѕвездите Гранд“, па пејачката по којзнае кој пат ги остави сите без зборови кога се појави во модерни рамни чизми до колена.
Цеца долгите чизми со удобни црни панталони ги искомбинирала со широк црн ремен, а сето тоа го споила со кошула со животински принт.
Косата ја стави во пунџа, а од аксесоари ставила големи очила за сонце, мала црна чанта и дискретни обетки.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/ceca_raznatovic
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.