Промотер

 „Фокус бенд“ со необична музичка приказна за една мома, а во неа вљубени – „Двајца браќа“ (ВИДЕО)

 „Фокус бенд“  со необична музичка приказна за една мома, а во неа вљубени – „Двајца браќа“ (ВИДЕО)

„Оди брате ноќва земи ја, што подалеку однеси ја. Кај и да сте, среќни да сте, да не ве гледам…“ – се дел од стиховите на најновата песна со наслов „Двајца браќа“ на фолк-групата „Фокус бенд“, кои пред неколку дена ја промовираа на социјалните мрежи.

Станува збор за песна со која тие се претставија на овогодинешниот „Прилеп фолк-фест“, а како автори на неа се потпишува добро познатиот тандем, Борче Нечовски текст и музика и аранжман Дејан Момироски.

„Композицијата е сентиментална и говори за двајца браќа кои засакале една иста девојка, но да не откриваме се, нека ја слушнат цела песна. Искрено се надеваме и веруваме песната ќе и се допадне на публиката и ќе допре до нивните срца“ – истакнаа момците од бендот.

Инаку за оваа песна тие снимија и видеоспот во режија на „Арт продукција“ и тоа на неколку одлични локации. Едната е езерото Козјак, додека другата е селото Павлешенци. Покрај членовите на  бендот, во видеосзаписот се појавуваат и децата од фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“.

„Фокус бенд“ не застанува тука. Тие најавуваат нови прокети во иднина, а покрај многубројните настапи, тие за следната година ја најавуваат и турнејата, за која допрва ќе откријат повеќе детали.

Погледнете го спотот за најновата песна на „Фокус бенд“ во која е вткаена необична приказна за една мома, а во неа вљубени – „Двајца браќа“ (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Промотер