Промотер

„Fiction“ знаат дека ова е нивно време – „Сега или никогаш“ (ВИДЕО)

„Fiction“ знаат дека ова е нивно време – „Сега или никогаш“ (ВИДЕО)

„Сега или никогаш“ е најновиот сингл на бендот Fiction. Песната, која бендот ја издаде со видеозапис, е инспирирана од New Wave и synth-pop звукот на 80-те години на 20-от век, кој го протежираа светските музички групи и артисти како Depeche Mode, Duran Duran, Tears for Fears и The Police.

Песната е продолжение на приказната која бендот ја започна со својот претходен сингл „Дали знае“?

Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, кој стои и зад аудиопродукцијата, додека зад аранжманот се потпишува целиот бенд. Видеото е дело на режисерот Јован Саркањац, сработено во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска.

Миксот и мастерот се дело на Виктор Георгиевски, додека за графичкиот дизајн се погрижи Катерина Даниловска.

Инаку, Fiction е рок бенд од Скопје составен од: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиевски – тапани.