Мегафон
јубилеен концерт

Факултетот за музичка уметност со свечен концерт ќе одбележи 55 години постоење

Факултетот за музичка уметност со свечен концерт ќе одбележи 55 години постоење

Факултетот за музичка уметност (ФМУ) – Скопје вечер од 20 часот со свечен концерт  во фоајето на Националната опера и балет ќе одбележи 55 години од неговото основање.

На концертот ќе настапат студенти од класите на професорите Марија Муратовска Наумовска,  Драган Даутовски, Зорица Каракутовска,  Нинослав Димов, Марија Ѓошевска,  Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова,  Фросина Балова, Соња Здравкова-Џепароска, Искра Шукарова, Дарко Багески, Кристина Светиева, Сара Пројковска,  Андријана Јаневска и Бобан Ковачевски.

ФМУ информира дека влезот за посетителите е слободен, но поради ограничениот број на седишта потребна е резервација на телефонскиот број 3134-345 или на електронската пошта [email protected], заклучно до 16 часот.