Љубов и Секс

Еве зошто на некои жени им е тешко да доживеат оргазам

Еве зошто на некои жени им е тешко да доживеат оргазам

Жените кои посетувале уролог поради уринарна инконтиненција, инфекција на уринарниот тракт или камења во бубрезите биле прашани и за нивниот сексуален живот.

Анкетирани се вкупно 587 жени на возраст од 18 до 95 години, а прашањата се однесуваат на сексуалната желба, сексуалната возбуда, недостатокот на лубрикација при сексуалниот однос, болката при сексуалниот однос и степенот на задоволство при истиот. Педесет и четири отсто од жените на возраст меѓу 18 и 30 години изјавиле дека нивниот најголем проблем е да доживеат оргазам, додека 36 отсто се жалат на недостаток на сексуална желба. Кај жените постари од 31 година, недостатокот на сексуална желба бил главен проблем, додека недоживувањето на оргазам бил на второ место.

Проблемот со доживување оргазам бил најизразен кај возрасната група од 18 до 30 години (54%), додека кај возрасната група од 31 до 45 години овој проблем бил изразен кај 43% од анкетираните жени. Кај возрасната група од 46 до 54 години овој проблем е изразен кај 48%, а кај постарите од 55 години кај 66% од испитаничките.

Докторката Дебра Фромер, која ја водела студијата, вели дека проблемот со оргазмот има големо влијание врз квалитетот на животот на сите жени. Таквите жени ја губат самодовербата и нивните емотивни врски можат сериозно да се разнишаат.

Истражувачите сметаат дека факторот на ризик е поголем кај жените кои биле сексуално злоупотребувани, потоа кај жените кои биле заразени со сексуално пренослива болест, жените кои се подложни на депресија, постарите жени и луѓето од посиромашните социјални слоеви. Исто така, општото здравје и сексуалното искуство играат значајна улога во појавата на овој проблем.

Заклучено е дека вкупно 63 отсто од жените страдаат од сексуална дисфункција, која е поврзана со возраста, дали личноста е во менопауза и дали користи одредени антидепресивни лекови.

извор:попара.мк