Радио Милева
за 90 минути заработуваат и по 15 000 евра

Еве по колку заработува естрадата по пандемијата со коронавирусот (фото)

Еве по колку заработува естрадата по пандемијата со коронавирусот (фото)
фото: е сток/ небојша мандиќ

По попуштање на епидемиолошките мерки за заштита од коронавирусот, естрадните уметници веќе започнаа со настапи, а како што пишуваат домашните медиуми некои од српските пејачи заработуваат и преку 10 000 евра за еден, два часа.

Како што пренесува република.рс, Буба Корели и Џала Брат за два блока од 45 минути заработуваат по 15 000 евра.

фото: петар димитријевиќ /рас србија

Цената на Ацо Пејовиќ од 10 000 евра наводно скокнала на 12 000 евра.

фото: рајко ристиќ/рас србија

Пејачот Саша Матиќ зема по 10 000 евра од настап, но од друга страна зависи и каде настапува, дали е клуб, прослава, работен ден или викенд.

Цената на Теодора Џехверовиќ варира од 9 000 и 10 000 евра.

Aлесандра Пријовиќ почна активно да работи и цената на нејзиниот настап изнесува 10 000 евра, а таа неодамна во едно интервју истакна дека не се променил нејзиниот хонорар.

фото: Инстаграм/александра пријовиќ

За Јелена Карлеуша не се знае колку изнесува нејзиниот настап, но многумимина тврдат дека не е под 10 000 и 15 000 евра. Меѓутоа, кога станува збор за неа, сопствениците на клубовите не се прашуваат за пари. Инаку, пејачката на 3 јули ќе настапи во Охрид.

 

Останати вести од Радио Милева