Радио Милева
Супер дадилка

Еве која е кралската дадилка: Се грижи за Џорџ, Шарлот и Луис, а има обука и да им го спаси животот (фото)

Еве која е кралската дадилка: Се грижи за Џорџ, Шарлот и Луис, а има обука и да им го спаси животот (фото)

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат три деца – принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. Со децата не е секогаш лесно да се справиш, како што видовме за време на платинестиот јубилеј на кралицата, кога принцот Луис имаше свое шоу. Затоа кралската дадилка е тука за да ја смири ситуацијата кога е потребно.

Кејт сака сама да ги вози децата на училиште и во градинка, но често тоа може да го направи дадилката наместо неа. Имаат само една, а британските медиуми ја нарекуваат „супердадилка“. Нивната „Мери Попинс“ се вика Марија Тереза Турион Борало и таа е подготвена на се’.

Таа дојде во палатата Кенсингтон во 2014 година, кога принцот Џорџ имаше осум месеци. Неговите родители биле толку задоволни што Марија станала постојан член на семејството. Подоцна и ја довериле ќерката и помалиот син.

Кралската дадилка е обучена дадилка. Таа го посетувала специјализираниот колеџ „Норланд“ во Бат, основан во 1892 година од Емили Вард. Сите дадилки кои во изминатите децении биле вработени во кралското семејство имаат дипломи од оваа престижна институција. Тие се познати и по специфичните униформи кои ги носат додека се на должност.

Марија е, на некој начин, и телохранител. Таа е обучена затоа што сепак се грижи за идниот крал. Тренирала теквондо, знае како да спаси дете од киднапери, но и да го одбрани од агресивните папараци.

Можела да работи и како медицинска сестра, бидејќи таа програма морала да ја помине и за време на студирањето. Но, ништо не се знае за нејзиниот приватен живот, ниту пак смее да зборува за членовите на семејството и за се’ што се случува во куќата.

фото:Профимедиа

Останати вести од Радио Милева