Каролина Гочева со посебни емоции ги одржа двата концерти во Битола, бидејќи како што вели таа: „Никаде не е како дома“.
Во родниот град, 37-годишната пејачка доби голема поддршка од семејството и пријателите, а огромно внимание привлече нејзината поврзаност со двете мали внуки Луција и Инес.

На концертот, едногодишната Инес застана пред бината и играше, а Каролина клекна и ѝ пееше.
Двете ќерки на сестрата на Каролина на крајот на концертот се качија на сцената и пееја со тетка им.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.