Љубов и Секс

Еве кои 3 работи можете да ги научите за него од првиот бакнеж

Еве кои 3 работи можете да ги научите за него од првиот бакнеж

Можете да научите многу за некого од начинот на кој се бакнува, тврди научникот Џастин Гарсија, кој со години ги проучувал навиките за бакнување во 168 различни култури ширум светот.

Според неговото истражување објавено во стручното списание „American Anthropologist“, уште од првиот бакнеж можете да забележите дали некој е внимателен или себичен во кревет, а подолу дознајте што друго можете да откриете од само еден бакнеж:

Постои ли страст

Бакнувањето е најлесниот начин да откриете дали има страст меѓу вас. Нормално, за време на бакнувањето во телото се зголемува нивото на хормонот допамин што прави да се чувствувате возбудено и среќно, но ако сепак не чувствувате ништо друго освен неговиот јазик во устата, тоа значи дека меѓу вас нема страст, вели Гарсија.

Колку се грижи за себе

Сечија уста има специфичен вкус и мирис кој доаѓа од исхраната, генетиката, здравјето и хигиенските навики, вели Џастин Гарсија. Освен лошиот здив, и густата плунка предизвикана од дехидрација покажува дека вашето момче не се грижи најдобро за своето здравје и хигиена.

Каков е во кревет

Гарсија тврди дека начинот на кој ве бакнува може да открие каков ќе биде во кревет. Ако почне со лесни бакнежи и истражува што ви се допаѓа, веројатно ќе биде исто толку внимателен под чаршафите. Од друга страна, типот кој е напорен и груб во бакнувањето веројатно е таков и во кревет.

извор:popara.mk