Радио Милева
нераскинливи семејни врски....

Еве како изгледаат родителите на сестрите Тамара и Тијана и на кого личат пејачките (ФОТО)

Еве како изгледаат родителите на сестрите Тамара и Тијана и на кого личат пејачките (ФОТО)

Едни од најпознатите сестри во светот на музиката во целиот регион се нашите популарни пејачки Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.

Јавноста веќе со години знае колку тие се сакаат и колку скогаш кога можат, заедно го поминуваат времето, но освен тие две во нивното друштво многу често е присутна уште една дама.

Станува збор за нивната мајка Бран(к)а која неретко ја гледаме на фотографиите на двете пејачки.

Нивната мајка инаку има српско потекло, па се омажила за нивниот татко Велко во Скопје, со кого по извесен број години минати во брак ќе се разведе, но сепак потоа ќе останат во  блиски релации и пријателски односи.

„Имав 18 години кога родителите ни се разведоа, Тамара не баш добро го прифати тоа, а јас веќе бев созреана. Сметав дека подобро е добар развод, него лош брак. Иако веќе не живеевме заедно татко ми често го гледав бидејќи беше професор на музичката академија каде студирав. Од денешна перспектива тоа се страшни моменти“ – се присети во една прилика Тијана.

Фото: Инстаграм принтскрин/tijana.dapcevic

Останати вести од Радио Милева