Радио Милева
секој би посакал ваков сопруг

Еве како Филип Живојиновиќ реагира на провокативните изданија на Александра Пријовиќ: „Многу ми значи неговото мислење“

Еве како Филип Живојиновиќ реагира на провокативните изданија на Александра Пријовиќ: „Многу ми значи неговото мислење“

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ од почетокот на нивната врска го привлeкуваат вниманието каде и да се појават, а пејачката за ало.рс откри како и функционира бракот со синот на Боба Живојиновиќ и што вели за нејзините провокативни изданија.

Oвојпат, пејачката се појави на настап на отварање на зимската сезона во еден клуб. За ова прилика, таа беше облечена во краток фустан, а на прашањето дали Филип и забранува да се облекува провокативно, таа вели:

„Тој е воодушевен кога ќе ме види во вакво издание, ми кажа дека изгледам одлично. Јас морам него да го прашам за сė и многу ми значи неговото мислење. Taка и вечерва. Кога го видов материјалот на фустанот го прашав што мисли, така да секогаш ми значи неговото мислење и кога ќе ми каже дека изгледам одлично“, изјави Александра.

Инаку, Прија и Филип се неколку години во брак,  а често се мета на медиумите дека нивниот брак е криза.

фото: инстаграм/александра пријовиќ

Останати вести од Радио Милева