Радио Милева
Папарацо лов

Еве каде и како Луна Ѓогани ги поминува трудничките денови во друштво на ќеркичката (фото+видео)

Еве каде и како Луна Ѓогани ги поминува трудничките денови во друштво на ќеркичката (фото+видео)

Пејачката и победничка на најгледаното реално шоу „Задруга“, Луна Ѓогани откако неодамна се појави во јавноста на снимањето на емсијата „Амиџи шоу“ призна дека повторно е бремена, а во таа прилика доби многу комплименти за нејзиниот блескав изглед.

Екипата на „Папарацо лов“ будно ја следеше Луна, додека младата мајка уживаше во бременоста, и безгрижно се шеташе во тотално опуштено спортско издание, цело време со неа е нејзината прва ќерка Миа, од која не се разделува.

–  Имам чудна и убава енергија. Така ја објавив и веста дека сум бремена, тоа го почувствував во себе – изјави неодамна Луна.

Пред да дознае дека е бремена, беше на патување во Америка, додека нејзината ќерка Миа ја чувале баба ѝ Анабела и сестрата на Луна, Нина.

Како што вели, сите мислат дека второто дете ќе биде машко, а таа додава дека единствено и е важно детето да е живо и здраво.

Луна и Марко редовно снимаат видео клипови и ги информираат своите фанови за се што им се случува во животот. Популарниот пар едвај го чека новото засилување и подготвува се за новиот член.

Фото: Принтскрин/Папарацо лов

Останати вести од Радио Милева