Актерката Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг, сопственик на „Телевис“, најголемата медиумска компанија во Латинска Америка, Хозе Антонио Бастон, очекуваат син.

Ева “брои ситно“ до раѓањето на нејзиното прво дете. Ѕвездата од хит серијата „Очајни домаќинки“ пред породувањето најчесто се одмара и пешачи, а е многу активна и на социјалните мрежи.

По повод Денот на мајката, Ева неодамна објави фотографија на која е сликана во црна долна облека во која и покрај бременоста изгледа секси, а нејзиниот труднички стомак е во преден план.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.