Радио Милева
Опуштена прошетка

Ева Лонгорија во едноставна минималистичка комбинација ги собра погледите низ Кан (фото)

Ева Лонгорија во едноставна минималистичка комбинација ги собра погледите низ Кан (фото)

Започна филмскиот фестивал во Кан кој секоја година ги собира светски познатите ѕвезди кои на црвениот тепих се појавуваат во различни свечени фустани.

Ева Лонгорија меѓу првите пристигнала во Кан, а нејзината дневна модна комбинација за прошетката по тој прекрасен, француски град оставила голем впечаток.

Славната актерка веднаш по слетувањето на аеродромот во Ница, привлекла внимание кај новинарите и фотографите, а нејзиниот изглед е нешто што е целосно доволно опуштено за прошетка, а сепак да бидете стилизирани.

Ева облекла лежерни пролетно-летни панталони во светла нијанса на боја, а целиот стајлинг бил во такви бои, освен бордо чантата која се издвојувала од цела модна комбинација.

Белата кошула и „оверсајз“ сакото совршено се вклопиле со панталоните и прекрасно ѝ прилегале на актерката.

Бордо чантата е од брендот „Hermes“, како и големите очила за сонце, а и двете модни парчиња се совршен погодок за пролетна модна комбинација сезонава.

Останува да видиме што Ева Лонгорија подготвила за црвениот тепих, а не се сомневаме во оригиналноста и совршената креација во која би се појавила оваа латино убавица.

фото:Инстаграм Ева Лонгорија/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева