Радио Милева
до тука беше

Естрадата „го откажа“ од професијата на Стефан Лазаров, па тој ги искритува јавните личности: „Сметам дека не се спремни да ги заработат парите коишто сакаат да ги заработат“

Естрадата „го откажа“ од професијата на Стефан Лазаров, па тој ги искритува јавните личности: „Сметам дека не се спремни да ги заработат парите коишто сакаат да ги заработат“

Стефан Лазров беше познат како водител на естрадниот магазин „Ексклузив“ на 1ТВ. По згаснувањето на телевизија, Лазаров заплови во нови ангажмани.

Имено, тој е еден од најпознатите јутубери кај нас, па редовно снима видеа на „Јутуб“ со кои ги забавува оние кои го следат.

Имено, тој го започна шоуто „Carpool karaoke“ каде угости бројни познати личности како од македонската, така и од српската сцена.

Концептот на емисијата беше Лазаров и гостинот да се возат во автомобил, да разговараат на разни теми, да пејат.

По некое време, Стефан ја започна и емисијата „Лазаров шоу“ каде гости му беа исто така познати македонски уметници како Лина Пејовска, Тамара Тодевска, Влатко Лозаноски, Maрија Станојковиќ, Антониа Гиговска, Марија Груевска и многу други.

Тој во емисијата имаше и рубрика „Луто пиперче“каде што поставуваше разни прашања на гостите.

Меѓутоа, на неговата емисија му дојде крај. Имено, во новото видео кое го објави на својот „Јутуб канал“ насловено како „До тука дошло“, водителот и јутуберот откри дека престанува со снимање на емисијата „Лазаров шоу“.

-Го изгубив патот кој го започнав од самиот старт. Некако изминатите неколку месеци бев посветен на правање пари отколку на правање креативна содржина која вас ќе ве смее, а мене ќе ме забавува. Како да се изгубив во овој Јутуб свет. Меѓутоа, сум доволен свесен кој сум, зошто сум и знам кога треба да ставам крај“, вели Стефан и додава дека не завршува со снимања на видеа туку напротив, но завршува со снимањата на „ Лазаров шоу“.

-Немам проблем да признам во животот пораз. Сметам дека Лазаров шоу 2 сезона е катастрофален концепт. Концепт кој што е досаден. Сметам дека ние кои се занимаваме со јавна професија знаеме да кажеме во даден момент – „Не ме бива“. Секоја епизода истото чувство, доаѓаат гостите, знам дека не е добро, го снимам колку да го снимам. Дојдов до момент каде што кажувам „крај, готово е“,вели водителот.

Стефан истакна дека не е лесно да се прави емисија и ги искритикува сите јавните личности.

-Сметам дека во Македонија јавните личности немаат м*да. Сметам дека во Македонија јавните личносит не се спремни да ги заработат парите коишто сакат да ги заработат. Еднаш засекогаш, а можеби и за последен пат ќе кажам – „Не може да очекувате дека ќе бидете успешни во јавна професија ако седите во комфорт зоната. Цената на успехот е вашата приватност. Цената на успехот е да бидете постојано насмеани и цената на успехот е кога ќе се појавите пред камера да го правите тоа за шоу, да ги забавувате гледачите, ништо повеќе. Зошто го кажувам ова? Имав проблем со договарање на гости, имам проблем со нивното его, имам проблем со прашањата, имам проблем со тоа што не сакаат да зборуваат за ништо. Ако не сакаат да зборуваат за ништо, си размислував подобро да направам некоја игра барем да се забавуваат. Како движи времето се повеќе се затвара кругот на гости кои може да ги викнам, оние повозрасните веќе одамна ги заболе уво дали работат и дали имаат пари. Јас сум човек што сака да работи, јас можам да работам 24/7. Јас имам проблем кога другите не сакаат да работат. Затоа ќе си го барам чарето на друго место, каде што сакаат да работат. Во Македонија речиси и да нема луѓе кои би изгубиле нешто за да добијат, тоа е шоубизнисот. Ако сакате да бидете успешни мора многу повеќе да дадете од себе од едно појавување на телевизија и кажување за вашата песна или проект“, вели Лазаров.

Целото него објаснување погледнете го видеото подолу.

фото: принтксрин/јутуб/лазаров шоу

Останати вести од Радио Милева