Радио Милева
Врeди за мајчинството

Ешли Греам едвај останала жива на породувањето со близнаците!

Ешли Греам едвај останала жива на породувањето со близнаците!

Плус сајз моделот Ешли Греам во јануари стана мајка на близнаци, а по извесно време пауза од социјалните мрежи, сега откри дека едвај го преживеала породувањето поради обилно крварење.

34-годишната мајка се породила дома на почетокот на годината и на свет донела две прекрасни момчиња, Малахи и Роман. Иако дотогаш на своите профили водеше „дневник за бременост“, по доаѓањето на момчињата ги извести своите обожаватели дека ќе им посвети малку време на нив и на своето закрепнување.

Таа сега откри некои детали од породувањето за „Page Six“, меѓу другото, дека тоа се случило во нејзината бања, поточно во када, по што ѝ се слошило.

Во тие моменти, Ешли била опкружена со „тим од вешти и обучени професионалци“ и нејзиниот сопруг Џастин Ервин, а се сеќава само како во еден момент ѝ се ‘стемнило’ и гледала ‘ѕвезди’.

Кога се освестила, манекенката тврди дека насекаде имало крв, а подоцна дознала дека изгубила „литри“.

„Не сакаа да ми кажат дека една од акушерките морала да ме преврти и да се обиде да го запре крварењето, а сум имала проблем со вената на раката и не можеле да ми вметнат игла“, раскажала Греам.

Иако момчињата биле добро, Ешли наредните четири дена лежела во кревет, а следните седум дена не можела да оди.

Дома поминала два месеци, а тешкото породување го навести и во својата објава на Твитер, пишувајќи:

„Ми треба време да закрепнам и да се поврзам со мојот сопруг и децата. Ова не беше лесно, но вредеше“, напиша тогаш.

Покрај близнаците, Греам со својот сопруг го има и двегодишниот син Исак, а помеѓу нивното раѓање, во 2021 година манекенката имала спонтан абортус.

фото:Инстаграм Ешли греам

Останати вести од Радио Милева