Мегафон

„Есенски балетски колаж“ во Македонската опера и балет

„Есенски балетски колаж“ во Македонската опера и балет

На сцената на Националната опера и балет на 8 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се одржи балетски концерт„ЕСЕНСКИ БАЛЕТСКИ КОЛАЖ“.

Балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела „Ана Каренина“, „Заспаната убавица“, „Болеро“, „Оревокршачка“, „Дамата со камелии“ и „Евгениј Онегин“.
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска ,Саша Евтимова
Режисер: Oлга Панго и Дејан Прошев
Видео дизајн: Емил Петров
Светло дизајн: Милчо Александров
Настапуваат првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Задолжително е носење на заштитна маска.
Билетите се пуштени во строго ограничен број!, соопштуваат од Опера и балет.