Живот и Стил

Есенска чорба која е вистинска витаминска бомба

Есенска чорба која е вистинска витаминска бомба

Брзата домашна крем-чорба полна со витамини и минерали е неопходна за здрав организам и е одлична превенција за сезоната на вируси.

Нездравата исхрана го разорува нашиот дигестивен тракт, а стресот, загадувањето, лековите, разните адитиви и секако неквалитетната храна, оставаат последици на нашиот црн дроб.

Како вашиот организам подготвено да ги дочека зимските вируси и како да го зајакнете црниот дроб, органите за варење и воопшто цел организам, неопходно е што почесто да му дадете тоа што е најквалитетно од природата – зеленчук.

Оваа крем-чорба без месо може да се јаде за било кој оброк, па дури и наутро, но вообичаено е популарна за ручек, а добрата вест е тоа што можеме да ја замрзнеме и да ја послужиме кога ќе ни е потребно на нашето тело да му дадеме витаминска бомба.

Состојки:
– 3 шолји вода;
– 1 главица кромид;
– 2 чешниња лук;
– 1 лажица маслиново масло;
– 1 стебло целер;
– 1 лажица рендан ѓумбир;
– 3 шолји ситно сечкана брокула;
– 1 лажичка сол;
– На врвот од лажичката мелен бибер.

Подготовка:
Ставете масло во тенџерето, па загрејте го на средна температура. Потоа додадете го ситно исечканиот кромид и ренданиот ѓумбир, а динстајте додека кромидот не омекне. Потоа додадете ситно сечкан лук, ситно сечкано стебло од целер, исечкана брокула и прстофат сол. Оставете да крчка уште 2-3 минути, па потоа додадете ја водата и биберот.

Откако состојките ќе почнат да вријат во водата, намалете ја температурата на шпоретот и оставете да се вари уште 20-на минути.

Потоа изладете ја течноста и ставете ја во блендер, па мешајте додека не стане кремаста чорба.

Пријатно јадење!

извор:кармин/точка.ком.мк