Радио Милева
децата на прво место

Емотивна исповед на Сека Алексиќ: Би жртвувала сè за моите деца (фото)

Емотивна исповед на Сека Алексиќ: Би жртвувала сè за моите деца (фото)

По борбата за потомство, Сека Алексиќ не се обидува да сокрие колку ужива да биде мајка на момчињата Јаков и Јован.

Таа нагласува дека целосно и го промениле животот и кога се во прашање, спремна е на сè.

– Кога ќе станете мајка, животот ви се менува толку многу, едноставно гледате на сè околу вас поинаку и попозитивно. Обидете да се дружите само со луѓе кои ви даваат позитивна енергија, барем така беше во мојот случај. Тешко ми беше да добијам потомство. Сега, фала му на Бога, ситуацијата е сосема поинаква и уживам што сум мајка на две момчиња. Се надевам дека наскоро ќе го проширам семејството – рече Сека, а потоа продолжи на тоа кои според неа се клучните квалитети на мајката.

– Според мене, секоја мајка мора да има љубов и несебично давање, од таму почнува сè. Се трудам на моето семејство да му пружам безусловна љубов, мислам дека тоа е прекрасна работа што мајката може да му ја даде на своето семејство. Би жртвувала сè за моите деца, живеам за нив, дишам за нив, тие ми се најсветото нешто. Секако дека има многу предизвици во родителството, секогаш се трудам да бидам присутна во секоја ситуација кога е во прашање воспитувањето на моите деца – истакна пејачката.

Алексиќ неодамна за тамошните медиуми изјави дека се надева на проширување, а и дека нејзиниот Јаков би сакал да има сестра, по име Софија.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сека Алексиќ

Останати вести од Радио Милева