Радио Милева
женско друштво

Емина Јаховиќ е „прва другарка“ со Хурем султан: Пејачката и турската актерка на заедничка вечерна дружба (ФОТО)

Емина Јаховиќ е „прва другарка“ со Хурем султан: Пејачката и турската актерка на заедничка вечерна дружба (ФОТО)

Пејачката Емина Јаховиќ која долги години живее во Истанбул на Инстаграм се појави на фотографија со познатата Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“.

Имено, Емина заедно со турската актерка Мерјем Узерли и уште една  другарка уживаа во луксузен ресторан, а овој момент го овековечија со заедничка фотографија.

Трите позираат без трошка шминка, а судејќи според нивните насмевки, тие биле во извонредно расположение.

Да потсетиме, Мерјем неодамна се породи, а на својот Инстаграм објави дека ја отвора својата прва продавница за здрави слатки во Берлин.

„На 10 јули ќе ја отворам мојата прва продавница во Берлин. Ова се вкусни и многу здрави слатки. Ова е само почеток на едно убаво патување, започнувам во Берлин и се надевам дека ќе се шириме низ целиот свет. Јас и моите пријатели го создадовме ова место каде сакаме да се чувствувате како дома и да уживате во најквалитетните слатки. Во понудата има вегански чоколади, џемови, „какао на лажица“, макаронси, најдобар сладолед на светот, маслиново масло, кафе, чај и многу повеќе“ – напишала актерката.

Фото: Инстаграм принтскрин/yaemina/meryemuzerlimeryem/goncakarakaѕ

Останати вести од Радио Милева