Радио Милева
разголени спомени...

Емилија Розман по Марбеља, спремна за „нова белја“: „Господ здравје да дава, за памет доцна е…?“

Емилија Розман по Марбеља, спремна за „нова белја“: „Господ здравје да дава, за памет доцна е…?“

Македонската мисица, манекенка и модел Емилија Розман  постојано е активна на социјалните мрежи, и тоа најчесто со шеги на своја сметка. Убавицата неретко знае самта себе си да си подели некој „комплимент“ кој другите не би и го поделиле, да искористи некоја народна поговорка или урбана фраза, во која ќе се смести себе си за да ги засмее другите.

Шеговитите коментари не и недостасуваат и на почетокот на новата година, па по враќањето од шпанскиот бисер Марбеља, госпоѓ(иц)а  Розмантична како да е веднаш подготвена за нова белја. Неколку споделени фотографии, што нови, што стари, всушност отсликуваат како стојат работите кај ексцентричната убавица со „различни лица“, т.е. расположенија.

Емилија во новогодишната ноќ на сите им посака се најдобро, а севе си… Себе си со поглед и селфи во огледалото си посака само едно: „ Господ здравје да дава, за памет доцна е…?“ – напишала расната  мисица во описот на фотографијата на која уште еднаш ја споделила сета своја убавина со која изобилува.

Арно ама, можеби  „за памет касно е“, ама за телесен раскош – никогаш доста, па синооката манекенка се потсети на времето, кога не така оддамна беше дел од видеото на една од песните на ДНК, па приредувајќи им на обожавателите на голото женско тело вистински празник, сиот свој телесен раскош г-ца „Розмантична“ им го сервираше како на послужавник!

„Кога бев слаба и мрдната… Сега сум само мрдната“ – напиша пиштол голата Емилија легната на постела од долари со кои ја прекрила интимата, односно местата до кои водат копнежите во машките (и не само машките), еротски соништа!

Што останало денес од нејзиниот опис на фотографијата, проценете самите… Од фотографијата секако, но и од храбриот потег  на манекенката, одново јавно да ве потсети на сопствената телесна убавина, која Емилија на општо задоволство, несомнено ја поседува во изобилство!  Здравје Господ ќе даде, а за она другото…? Можеби сепак не е доцна!?

А голите спомени? „Todo pasa“… Се случува!

Со или без посебна причина, прашајте ја „сењорита Розмантична“!

Фото: Инстаграм принтскрин/rozmanticna

 

Останати вести од Радио Милева