Радио Милева
мерило за љубов...

Емилија Розман има своја дефиниција и единица мерка за љубов, иако дали ја применила, се’ уште не открила!? (ФОТО)

Емилија Розман има своја дефиниција и единица мерка за љубов, иако дали ја применила, се’ уште не открила!? (ФОТО)

Македонската мисица, манекенка и модел Емилија Розман го живее животот по свое…   Слободна како птица, авантуристички, спротиставувајќи им се на сите предрасуди, не дозволувајќи никој „да и суди“ за постапките. Меѓудругото стана позната како „свршеница веднаш по првото запознавање, невеста за една недела, разведена за 14 дена“, заради експресно кажаното „судбоносно ДА“ и уште поекспресното „пишманење и развод“ од момчето кое преку ноќ и стана свршеник, а потоа бргу сфати дека „тоа не е тоа“, па г-ца Розмантична ја растури „брачната идила“, истата уште незапочната!

Во меѓувреме го доби епитетот „најубавата цвеќарка“, заради сопствените продавници за подароци, свечена декорација и цвеќе, па така ако „љубовта можеби не и цвета“, бизнисот и буји, што и овозможува да си дозволи она што ќе посака да си оствари, пред се нови доживувања во нови авантури.

Овој пат наместо само да го темнее тенот, убавата Емилија решила поинаку да го помине денот… Или поточно викендот.

Спакувана колку што е неопходно, седна зад воланот на автомобилот  и правец на фестивал… На „Д Фестивал“ во Дојран. На забава, журкање, концертно лудило, а можеби и… потрага по нова љубов! Зашто… „Што носи денот, не носи векот“, велат старите.

Госпоѓица Розмантична сама по себе е згодна, атрактивна и симпатична, а веројатно знае да биде и романтична, само… Денес многу повеќе е време на практика и прагматика отколку на романтика, па предавањето целата себе си, со сето свое срце и душа, носи извесни проблеми.

Имено, секој од нас има своја дефиниција за љубовта, своја „единица мерка за сакање“, ако љубовта воопшто може да се  измери, па така и Емилија! Колку некого сакаш можеш да му покажеш и докажеш на различни начини… Нему, ама и себе си, а Г-ца Розмантична и на сите други!

Таа откри дека има своја дефиниција и единица мерка за љубов. До душа, „мерката ја зема“ откако љубовта ќе заврши, ама сепак, количината на емоции може да ја измери и со практичен пример да покаже, за сите да видат колку некого сакала… Иако,  дали ја применила, се’ уште не открила!?

Сепак, ако сте млад ерген, а г-ца Розмантична ви „фаќа око“, ве привлекува и ви се допаѓа, додека се обидувате да ја освоите, иако можеби тоа не е Ваш стил, сепак… излажете ја дека „немате автомобил“!!!

Фото: Инстаграм принтскрин/rozmanticna

Останати вести од Радио Милева