Живот и Стил

Елка која „преку ноќ“ ги освои луѓето во светот: Потребни ви се само сијалички и една евтина декорација (видео)

Елка која „преку ноќ“ ги освои луѓето во светот: Потребни ви се само сијалички и една евтина декорација (видео)

Полека влегуваме во празничното лудило, социјалните мрежи веќе се преполни со различни идеи кога китењето на елките е во прашање, а ние ви носиме трик со којшто нема да потрошите многу пари, а ќе имате елка која е вистински хит на ТикТок сезонава.

Без оглед дали повеќе сакате класично китење на елката кое подразбира китење со лампиони кои во вашата фамилија се пренесуваат од колено на колено или пак припаѓате во онаа група на луѓе кои секоја година сакаат нешто целосно поразлично, овојпат ви откриваме трик којшто го полуде интернетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marco Zamora (@want.zamora)

Имено, една елка им станала опсесија на сите оние кои сакаат едноставност, но сакаат и да внесат дел од магијата во својот дом.

Станува збор за украсена елка во ретро стил, како и оние кои некогаш ги кителе Мерилин Монро и Џејн Мејнсфилд, а сега можете да го постигнете тоа само со сијалички и една декорација која во кинеските прoдавници не чини повеќе од 200 денари.

Ова момче на социјалната мрежа Инстаграм споделило едноставен, а толку ефектен трик којшто досега го погледнале повеќе од неколку милиони луѓе.

Како ви се допаѓа ваквото китење на елка и дали нешто вакво би се обиделе да направите годинава?

извор:кармин.ком.мк