Радио Милева
полн погодок

Елена „Живот со стил“ го има совршениот избор на стајлинзи за сезонава, а во нив ќе се пронајде и ќе ги посака секоја дама (фото)

Елена „Живот со стил“ го има совршениот избор на стајлинзи за сезонава, а во нив ќе се пронајде и ќе ги посака секоја дама (фото)

Есенската сезона и е омилена на ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски.

Емисијата „Живот со стил“ се уште и е на пауза, но затоа на Инстаграм Елена на големо го покажува својот стилски начин на живот кон кој секогаш се стремела. Откако се омажи, Елена често патува, куферите редовно ги пакува за некоја дестинација со сопругот, со сигурно се враќа и со по некој куфер плус од шопингот на кој не може да одолее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Najdoski (@elena_zivotsostil)

Модата е неизбежен сегмент од нејзиното секојдневие, а изборот на стајлинзи никогаш случаен, туку наменски и вешто избран и комплетиран.

Дека ги следи тенденциите, одраз се нејзините чести објави каде на следбеничките им сугерира што е „ин“. Во време кога празници се ближат, секоја припадничка на понежниот пол посакува шопинг, и ако не полни кеси, барем некое омилено парче.

Елена овој пат облече осум различни комбинации, од секојдневни и лежерни, па се до елегантни, свечени и такви со умерена доза на провокација.

Парчиња за сечиј вкус, доминантни есенски бои и црна како одлика на елеганцијата и незаобиколниот џинс и безвременскиот принт со риги.

Откако таа го направи својот избор, побара и мислење кој е најдобриот.

Одговорот се наоѓаше кај секој различно, сите допадливи и привлечни да се имаат во плакар.

Прашањарта беа каде да се најдат, барем оние што ги има кај нас, а стилската водителка без резерва не се штедеше да помогне за пристап до истите.

Сигурно е дека им беше од помош на дамите, кои освен благодарност за препораките неизбежно дадоа и комплименти.

фото:Instagram printscreen/ elena_zivotsostil

Останати вести од Радио Милева