Радио Милева
Сврти нов лист

Елена Велевска почнува нова животна етапа: Пејачката се всели во нов стан во родниот Прилеп (фото)

Елена Велевска почнува нова животна етапа: Пејачката се всели во нов стан во родниот Прилеп (фото)

На почетокот на 2020 година, фолк пејачката Елена Велевска откри дека и покрај сите обиди и напори да го спаси бракот, се разведува од сопругот Марјан. Потоа следеше и бракоразводната постапка по која нивните три деца останаа да живеат во Охрид во татко им, а Елена се врати во родниот Прилеп. Тогаш отворено поговори пред камерите на естреадниот магазин „Бекстејџ“ и изјави дека изгубила многу, но останала силна и достојна на се’ она што и се случи:

-Оној кој што е хуман човек, ќе остане таков. Јас ќе останам хумана и пример за моите деца. Никогаш нема да исфрлам никој на улица како што бев јас исфрлена во градот кај што стекнав сė. Верувајте не ми е тешко да почнам од почеток бидејќи најважно ми е достоинството, луѓето коишто ме опкружуваат, коишто не гледаат на мене не гледаат од интерес и коишто ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, вели Елена и додава:

-Изгубив сė. Останав силна. Бог е тој што дава и Бог е тој што зема. Останав достојна на сė што ми се случи, на сите падови, на сите порази кои што ми беа приредени во животот, како професионално немавме работа, така и приватно. Јас велам дека во 2021 си го најдов мирот, си го вратив своето здравје, кажа пејачката во 2021 година во интервјто за „Бекстејџ“.

Оттогаш помина доста време, а Елена како што кажа остана силна и достојна на она што и го донесе животот, а најсилен поттик за се’ се најзините три деца, Софија, Марко и Калија.

Убави моменти доживеаја деновиве кога Елена се всели во новиот стан во родниот Прилеп каде продолжи да живее, а на социјалните мрежи објави фотографии од новиот дом и осветувањето кое се случило во присуство на свештеникот и нејзините наследниици.

Нова живиотна етапа, посилна и поискусна и пред се’ направено со големата заштитничка и мајчинска љубов како двигател на се’.

Објавата на Велевска беше повод за илјадници лајкови коментари со честитки за мигови со многу здравје, среќа и љубов во новиот дом.

фото:Фејсбук/Инстаграм/Елена Велевска

Останати вести од Радио Милева