Промотер

Елена Велевска низ песна ќе ви раскаже дека – „Овој живот убав е“ (ВИДЕО)

Елена Велевска низ песна ќе ви раскаже дека – „Овој живот убав е“ (ВИДЕО)

Македонската фолк пејачката Елена Велевска на крајот на летото реши себе си, а и својата публика да ја почести со нова песна и видеспот. И тоа необична, поразлична од се’ што досега фолкерката испеала, зашто новата песна е далеку од чист фолклор, насловена „Овој живот убав е“.

Артан Кастрати го направи аранжманот, Орце Зафировски текстот, а за инструменталниот дел се погрижија Мишел Трајковски и Ферчо Мустафов.

„Долго време размислував што да и подарам на мојата публика, преслушав многу песни, но ништо не ми се допадна“ – вели Велевска и додава:

 

„Овој живот убав е” ме освои на прва, неизмерно сум му благодарна на Орце Зафировски кој ја пренесе пораката на вистински начин. И покрај се кое што го живееме, преживуваме колку и да е црно, постои сепак нешто кое ни дава надеж дека утре ќе биде подобро.

Со оглед на тоа дека сум мајка, пред се’ не смеам да си дозволам деструктивни мисли. На сите ни е тешко, но секој од нас мора најде нешто, што ќе му го направи овој живот убав. Насмевката на моите деца, публиката, сцената, музиката, семејството се само дел од работите кои мојот живот го прават поубав. Се надевам дека на мојата публика ќе и се допадне и песната и пораката што таа ја носи и дека ќе им биде мотивација, досека ја слушаат” – ќе изјави Велевска.

Видео спотот е работен под авторско -режисерка палка на Александар Ристовски – Принц.

Како звучи и изглледа кога Елена Велевска низ песна и видео тврди дека „Овој живот убав е“, проследетте во продолжение: