Радио Милева
глетка за 5-ка

Елена Стојановска важи за модерна дама, а сега се препушти во рацете на овој познат Македонец кој ја среди за чистка 10-ка

Елена Стојановска важи за модерна дама, а сега се препушти во рацете на овој познат Македонец кој ја среди за чистка 10-ка

Eлена Стојановска е урбана млада жена, мајка и сопруга која направи спој помеѓу двете свои големи љубови: радио и ТВ водителството и веќе со години трае таа нивна заедничка успешна приказна токму благодарение на нејзиниот искрен и професионален пристап.

Водителката секое утро публиката има прилика да ја гледа на утринската програма на ТВ Сител.

Уште од раните утрински часови, Стојановска е подготвена пред ТВ екраните да ги известува гледачите за актуелните настани, новости, содржини.

Елена уште рано од сабајле изгледа модерно, средено и права дама со стил и често добива комплименти за својот изглед.

Неодамна, водителката во кусите приказни на „Инстаграм“  објави селфи додека се вози на работа, а како што откри таа сама се средила и нашминкала.

-„Сама се нашминкав, се гледа. Ама светлото во кола ептен се погоди, напиша таа покрај објавата.

Меѓутоа, овој пат убавата и привлечна водителка се препушти во рацете на добро познатиот фризер и „мејк ап“ артист Даниел Николовски кој ја среди македонската водителка за чиста 10ка.

Таа позираше во црн фустан, со испеглана, права коса и минимална шминка е вистинска убавица.

Нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари, а меѓу оние кои и прокоментираа се: Мелита Ракиќевиќ и Ирена Спировска.

фото: принтскрин/инстаграм/елена стојановска

Останати вести од Радио Милева