Радио Милева
безгрижни шепотења

Елена Стефановска живее со стил, па така и слави: Роденденски балони и розова свила во постела за двајца! (ФОТО)

Елена Стефановска живее со стил, па така и слави: Роденденски балони и розова свила во постела за двајца! (ФОТО)

Македонската ТВ водителка Елена Стефановска веќе со години е позната по својата емисија „Живот со стил“ каде ги претставува убавите и гламурозни нешта на своите гости. Тоа го работи, ама така и живее, зашто Елена често можеме да ја видиме како патува на  далечни дестинации, посетува луксузни локации, преферира скапи нешта: од облека, обувки, накит и парфеми, до исто такви хотели,  автомобили, забава… И зошто да не живее со стил, ако веќе и се може.

А кој живее со стил, со тил слави и роденден. Така вчера, 19 февруари 2018, таа го славеше својот ??-ти роденден. Онака како што само таа знае… во розово и со стил! Барем така говорат фотографиите кои самата ги постираше на социјалните мрежи. А на нив, згорната русокоса променета во розов долг свилен фустан со огромен шлиц и толку розови балони колку што полни години. Најпрвин во ходникот, а потоа и во хотелската соба… во  бела постела за двајца! За роденденска романтика или…?

Останува  нејасно: Дали ова беше само роденденска фотосесија на згодната водителка со која Елена сакаше малку да ги заскокотка љубопитните погледи на јавноста или навистина имало некој што по неколкуте фото пози и врачил роденденскиот подарок… со стил!? Роденденската тајна, само Елена ја знае!  Како и да е, нека и се множат! И годините и подароците!

Останати вести од Радио Милева