Радио Милева
заљубена водителка

Елена Стефановска живее љубов со стил: Водителката ја покажа својата романтична страна – „Засекогаш ќе те сакам“

Елена Стефановска живее љубов со стил: Водителката ја покажа својата романтична страна – „Засекогаш ќе те сакам“
фото: Инстаграм/ елена стефановска

Водителката на емисијата со неколкугодишен стаж „Живот со стил“, Елена Стефановска живее таков живот.

Иако во нејзината емисија интервјуираше бројни познати личности кои знаат да проговарат како за професионалниот, така и за приватниот живот, Стефановска многу ретко или речиси никогаш не сме ја виделе во улога на гостин каде ќе раскаже детали за својот живот.

Сепак, тука се социјалните мрежи кои во последно време се почест извор на информации, па прво ќе дознаеме од нив.

Стефановска не го експонира премногу својот приватен живот, а во 2019 изненади  конечено на Инстаграм обелодени дека е во врска со бизнисменот Бојан Најдоски.

Елена Стефановска, водителката на „Живот со стил“ со галерија романтични фотографии за првпат го покажа момчето (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Отогаш заљубената водителка ужива во секој момент поминат со својот партнер, во нивните заеднички ручеци, вечери, егзотични патувања, одмори, заеднички прослави, родендени.

фото: Инстаграм/ елена стефановска

Стефановска често знае да сподели некоја фотографија од себе и да се пофали како живее живот, но и љубов со стил.

фото: Инстаграм/ елена стефановска

Парот неодамна одмараше на одмор во Грција, а водителката не остана должна да не објави заедничка фотографија на која позираат покрај морето.

фото: Инстаграм/ елена стефановска

Елена и Бојан деновиве имаа убав повод за славење. Имено, двојката прослави годишнина од нивната врска.

По тој повод, тие има организирана романтична вечера покрај Охридското езеро.

Водителката на својот Инстграм се пофали со атмосферата, односно прво сподели заедничка фотографија, а во описот напиша:

„Секогаш ќе те сакам со целото мое срце. Среќна годишнина, љубов моја“.

фото: Инстаграм/ елена стефановска

Потоа, наздравија за љубов….

фото: Инстаграм/ елена стефановска

А тука е заедничката фотографија покрај масата додека вечераат што од вкусната храна и уживаат во друштвото еден на друг.

фото: Инстаграм/ елена стефановска

И за крај, преубавата ноќна атмосфера со поглед кон езерото, поглед за очи, мерак за душа.

Под објавата на водителката се нижеа бројни честитки, а меѓу нив и од нејзините колешки, пријателки, Соња Тарчуловска, Вера Мештеровиќ.

Честитки.

Останати вести од Радио Милева