Радио Милева

Елена Стефановска ја најде љубовта во 2019, а ова се нејзините желби за 2020 година

Елена Стефановска ја најде љубовта во 2019, а ова се нејзините желби за 2020 година
фото: Принтскрин/инстаграм/еленастефановска

Броиме ситно до старата и почетокот на Нова година, а веќе се чувствува новогодишната еуфорија.

Градот веќе е новогодишно украсен, а новогодишната еуфорија се чувствува и во домовите на познатите. Некои од јавните личности ја украсија новогодишната елка, а на социјалните мрежи се пофалија како изгледа нивниот дом во новогодишното руво.

При крајот на годината, најчесто ги собираме впечатоците од старата година и по што ќе ги паметиме изминатите 365 дена, а исто така си посакуваме и нови желби за следната година која сакаме да ни биде среќна и бериќетна.

Елена Стефановска за себе може да се пофали дека 2019 година за неа беше успешна како на професионален, така и на приватен план. Патувања на разни дестинации, промоција на брендови, нови соработки, но и успеси на љубовно поле ја одбележаа измаинатата година на водитлката.

фото: Инстаграм/еленастефановска

Имено, таа оваа година пред јавноста за првпат го покажа своето момче Бојан Најдоски.

Деновиве, Стефановска на својот „Инстаграм“  сподели дека е подготвена за нови успеси за неа и откри кои се нејзините желби за 2020.

фото: Принтксрин/еленастефановска

„Испраќаме уште една година, влегуваме во нова декада. Подготвени сме за нови почетоци, нови успеси, но и предизвици. Подготвени сме за нови очекувања и желби, за уште една радосна и просперитетна година.
Посакувам бесконечно многу прегратки и бакнежи! Ви посакувам љубовта да ви остане најубавото чувство на светот, да ја подарувате и да ја примате секој ден! Во овој празничен период сѐ е дозволено и сѐ е магично!, напиша Стефановска на социјалните мрежи.

Останати вести од Радио Милева