Радио Милева

Елена Ристеска стопена од изненадувањето кое не го ни насетуваше (фото)

Елена Ристеска стопена од изненадувањето кое не го ни насетуваше (фото)
фото:дејан димковски/инстаграм/елена ристеска/принтскрин

Пејачката Елена Ристеска по долга и макортпна посветеност, успеа да стигне до зацртаната цел и да го има во раце производот кој го посакуваше, а тоа се женскиот и машкиот парфем од нејзината козметичка линија „ЕРА“.

Всушност, ова се само првите два производи од козметичката линија чие име е сочинето од нејзините иницијали и првата буква од името на нејзинот татко.

Рекламната кампања и фотосесијата се готови, а Елена редовно им ги објавува на своите фанови и следбеници на социјалните мрежи.

Но, деновиве имаше една сосема поинаква објава, повторно поврзана со парфемите, но инспирирана од нејзината внука Делфина.

фото:елена ристеска/инсатаграм

Делфи за тета направила цртеж, односно го нацтала шишенцето сакајќи да ја изненади саканата тетичка.

А Елена, секако беше стопена од среќа и не можеше да не го објави изненадувањето кое не го ни насетувала.

фото:елена ристеска/инсатаграм

„Ме изненади, не очекував дека ќе и текне нешто вакво…Во вид на честитка е направено, коментираше Елена.

Очигледно дека Делфина има желба за сликање и цртање, баш како нејзината мајка од која ги повлекла гените за оваа гранка на уметноста.

Останати вести од Радио Милева