Радио Милева
повторно наградена

Елена Ристеска по наградата во Турција, доби уште признание во Сокобања: Македонската пејачка личност на годината во поп музиката или на атрактивниот изглед? (фото)

Елена Ристеска по наградата во Турција, доби уште признание во Сокобања: Македонската пејачка личност на годината во поп музиката или на атрактивниот изглед? (фото)

Македонската пејачка Елена Ристеска изминатите повеќе од две години ја стави својата музичка кариера на „пазуа“, па се посвети на својот нов бизнис „Еra cosmetics“.

Имено, пејачката лансираше свои машки и женски парфем, а засега одлично и оди во бизнисменските води.

Меѓутоа, на пејачката одлично и оди кога е во прашање и музиката. Така, неодамна на  манифестацијата  „Best of Rumeli“  во организација на Сојузот на румелските балкански здруженија“ која се одржа во Турција, Елена доби награда за најдобар претставник на македонската култура во светот.

„Ви благодарам од срце. Многу ми е драга оваа награда. Многу ми значи. Чест ми е што сум тука, на овој прекрасен фестивал „Rumeli Best of festival“ во оваа прекрасна земја Турција која е пријателка на мојата држава Македонија. Ви праќам бакнежи од мојата Македонија и моите Македонци. Ве сакам“, изјави Ристеска при примањето на наградата, изјави тогаш Елена која пред турската публика ја отпеја евровизиската песна „Нинанајна“.

Деновиве, Елена се закити со уште една награда. Имено, во Сокобања, Србија таа доби награда за – Личност на годината во светот на поп музиката.

По тој повод, Ристеска се огласи на својот „Инстаграм“  истакнувајќи дека и е многу драго за признанието, но дека жали што во нашата држава меродавни манифестации за успесите на јавните личности.

-Вчера бев прогласена за “Личност на годината во светот на поп музиката” и се закитив со уште една статуетка или награда како една од 7те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија.
Уште една награда на моите полици дома меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19години музичка кариера. За жал, во мојата земја се’ помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности. Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство , тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот.

-И секако на сите наградени им подаривме подароци од мојот козметички бренд „Еra cosmetics#. Новата ера во козметиката допрва доаѓа. Приказната за ЕРА козметика се шири и подалеку од Македонија.
Благодарам и на прекрасниот Бојан Марковиќ за дружбата, тој е мој брат, а не колега или другар. И благодарам за убавото интервју на Сузана Манчиќ, пишува пејачката покрај објавата од неколку фотографии.

За ова прилика, Ристеска одбра црно – бел фустан со отворен дел кај деколтето, а во него македонската пејачка изгледа никогаш поатрактивно и позгодно. Ива елегантно издание таа го комплетираше со црна мала чанта и црни високи потетици.

Нејзините следбеници на социјалните мрежи ја опсипаа со позитивни коментари, а меѓу нив и македонските пејачки Каролина Гочева и Тијана Дапчевиќ.

-А тек што си убава и згодна“, „Браво ма Ленке, гордост наша, згодница мила“, прокоментираа тие.

Елена Ристеска најдобар претставник на поп музиката или на атрактивниот изглед, како ви се допаѓа во вакво издание?

фото: принтскрин/инстаграм/елена ристеска

Останати вести од Радио Милева